Христијан Денковски повторно се врати во редовите на црвено – црниот шампион. Младиот Денковски се чинеше дека заврши со Вардар, но по неколкуте денови поминати на проба во холандскиот фудбал, се врати и најверојатно ќе се појави на утрешниот прв тренинг со екипата во базата во Хиподром.
Денковски е играч од средината на теренот, дојде во Вардар оваа зима, но во пролетниот дел од шампионатот одигра само еден натпревар и тоа последниот против Работнички кога се славеше десеттата титула. Инаку на Денковски договорот од шест месеци со Вардарци му истече, па доколку остане, ќе потпише нов договор со шампионот на Македонија. Инаку во минатото Денковски беше дел од Гронинген, но немаше некој позначајни настапи во ”зелениот” дрес.