Македонскиот фудбалски шампион, екипата на Вардар ја освои јубилејната десетта титула и поставија нов државен рекорд во најмногу освоени бодови во тек на една натпреварувачка сезона. Следеше краток одмор за избраниците на Гоце Седловски, кои започнуваат со подготовки за предизвициите кои им претстојат во европските натпреварувања. Чуварот на мрежата на Вардар, Филип Гачевски за нашиот сајт на кратко го сподели впечатоците од освоената првенствена титула и желбата за противник во второто квалификационо коло од ЛШ.
-Се случи она што сите го очекувавме од клуб како Вардар. Го освоивме првенството и повторно ќе играме во квалификациите за лигата на шампиони. Можам да кажам само најдобро за моите соиграчи и стручниот штаб, со кои заедно и тимски покажавме дека сме најдобрата екипа во Македонија.
Својот прв собир за новата сезона, црвено-црните ќе го имаат утре со почеток од 10 часот на тренинг комплексот во населбата Хиподром. На 20-ти јуни треба да го дознаеме противникот на Вардар во квалификациите од најголемото натпреварување.
-Утре официјално започнуваме со подготовките во Скопје, а веќе на 13-ти јуни заминуваме на главни подготовски во Австрија. Нашата цел во Европа е да го поминеме второто квалификационо коло и се надевам на што подобар пласман и подолг претстој во Европа. Посакувам за противник да ја добиеме екипата на Црвена Ѕвезда, затоа што знам дека тој натпревар би бил посебен и сигурен сум дека се големи шансите да ги елиминираме, изјави Гачевски за нашиот сајт.
Михајло Тушевски