Во црвено-црниот кугларски колектив имаме чест да еден од двата лидери биде кугларскиот “Моцарт“ Бојан Влаќевски. Тој заедно со Димитровски Димитар се главни полуги во нашиот состав. Станува збор за двата најдобри играчи во Македонија кој слободно може да се каже дека се на ниво на светските ѕвезди во овој спорт. Влаќевски покрај тоа што е лидер на тимот, често соборува рекорди како тој во кугланата во “Борис Трајковски“, навистина вистинска чест е што е дел од Вардар. Од него побаравме оценка за изминатата сезона и за настапот кој во октомври го очекува кугларскиот клуб Вардар тоа е учеството на “Светскиот куп“ во Италија, место каде ќе се појават 14 најдобрите екипи на планетата.
Минатата сезона беше горе доле задоволувачка, со самото тоа што бевме втори и достоен ривал на многукратниот првак Макпетрол и ги изнамачивме во сите дуели го потврдува тоа, а лично сум прилично задоволен иако стартував релативно слабо. На есен не очекува нешто ново, управата одлучи и ни даде прилика нам играчите да се натпреваруваме со шампионите на сите држави и голем предизвик за мене бидејќи време е да видиме дали можеме да се носиме колку толку со тие силни екипи. Иако кадарно не сме на тој квалитет како и другите меѓутоа хемијата и компактноста на екипата ни дава за право да се надеваме. Нели секако не би биле спортисти ако се предадеме. Така да очекувам многу борба и што е можно подобар пласман па ако се спојат коцките па да играме и Лига на шампиони.
Го запрашуваме Влаќевски еден од двете “ударни игли“ на составот предводен од Драги Димитровски за тоа што значи за него како играч од светска класа да игра рамо до рамо со дузина најдобри куглари од шампионските состави.
Јас многу го посакував тој куп и ќе ми даде многу поголема мотивација да изиграм најдобро што можам. Верувам сите ќе бидеме посебно мотивирани. На есен не очекува нешто ново. Настапуваме во најсилниот куп “Welt pokal” каде се натпреваруваат шампионите на сите држави. Место како што реално може и не припаѓаме ама сигурно нема да се предадеме без борба. Ке се бориме до последна кугла па ако имаме среќа може да обезбедиме пласман во Лигата на шампиони. Конечно натпреварување за да видиме до каде сме во светското куглање.
Влаќевски доби покана да биде дел од светската репрезенација за ревиален дуел, кој ќе се одигра во Фекетиќ-Србија на свечено пуштање на нова куглана. Во дуелот ќе се сретнат светскиот шампион кугларската селекција на нашиот северен сосед Република Србија и “светската репрезенација“ составена од најдобрите куглари, а токму во светската селекција свое место доби Бојан Влаќевски, тој за оваа чест вели:
Добив покана да настапам за светската репрезентација на ревијаен меч против шампионот Србија во чест на отварање на нова куглана и секако со задоволство ја прифатив. Тоа е нешто што не се одбива и место каде играат најквалитетните куглари во цечиот свет, па дава можност да видиме до каде и како стоиме на светска сцена Се надевам на солидна игра и можеби некој нов личен дострел ( рекорд ), а секако и презентирање како на Македонското куглање така и на мојот клуб Вардар кој ми пружа голема доверба и верува во мене- изјави Влаќевски за нашиот сајт.
-
Михајло Тушевски.