Во 10 часот и официјално Вардарци ќе означат старт на летните подготовки, и ќе се подготвуваат за квалификациите од Лигата на Шампионите. Денеска ќе стане јасно на кои играчи нема да се смета понатаму, и ќе им се заблагодари за придонесот во Вардар.
На 13 јуни стручниот штаб и играчите ќе пристигнат во базата во ултра модерниот австриски комплекс „Авита“ во Бад Тацмансдорф. Нашите момци во Австрија ќе го поминат главниот дел од подготовките, а би требало да се замине и во Словенија, нешто слично како минатата година.
Целиот распоред на подготовките, пријателските натпревари и новостите околу играчкиот кадар очекуваме да го дознаеме официјално од клубот.