Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар завршија на третото место на табелата во својата категорија за сезоната која заврши. Освоивме вкупно 45 бодови, или 14 победи, 3 нерешени резултати и пет порази. Беа постигнати 39 голови и 17 примени. Добро го започнавме пролетниот дел од сезоната, каде остваривме победи во дерби натпреварите со екипите на Работнички, Шкупи и Шкендија. Да напоменеме дека овој дел од сезоната го стартувавме од четвртата позиција со пет бода помалку, од екипата на Металург, која беше лидер во есенскиот дел. После победата против Шкупи успеавме да се израмниме со бројот на освоени бодови со тимот на Шкендија и да го “избуткаме“ тимот на Металург на третата позиција на табелата. Можеби се се промени по оној нерешен резултат на домашен терен, против тимот на А. Пандев, натпревар на кој имавме безброј шанси но среќата дефинитивно не беше на наша страна. Следуваше “непријатен“ пораз од Металург, по што ја загубивма трката за титулата. Сепак мора да се потенцира успехот на тренерот Влатко Колев со оваа генерација, кој направи максиум од момците и оваа генерација, која минатата сезона беше послабо пласирана во однос на другите Вардарови екипи.
12 коло: Вардар – Работнички 1:0
13 коло: Победа- Вардар 1:1
14 коло: Вардар- Пелистер 2:1
15 коло: Еуромилк- Вардар 1:3
16 коло: Вардар – Шкендија 2:0
17 коло: Шкупи – Вардар 1:4
18 коло: Вардар – Академија Пандев 0:0
19 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:3
20 коло: Вардар – Металург 0:2
21 коло: Ренова- Вардар 2:1
22 коло: Вардар – Милано 2:0
Во куп натпреварувањето избраниците на Влатко Колев стигнаа до големото финале, каде беа поразени од екипата на Академија Пандев. Само еден погодок го одлучи победникот на овој меч и тоа во последните пет минути од натпреварот. Голем недостаток за тимот беше отсуството на Дејан Маркоски, кој е најдобар поединец на кадетите. Претходно во четвртфиналето и полуфиналето бевме подобри од екипите на Младост и Милано и тоа со четири победи.
1/2 куп прв натпревар Вардар – Милано 1:0
ревнш натпревар : Милано – Вардар 0:2
ФИНАЛЕ: Вардар- Академија Пандев 0:1
Капитенот на оваа генерација Дејан Маркоски е еден од најдобрите играчи, “мозокот“ на екипата од кој речиси започнува секоја акција на кадетите. Тој повторно ја заврши сезоната како најдобар стрелец, повторувајќи го успехот од минатата сезона, кога беше најефикасен играч и за пионерите, а неговиот соиграч Александар Трајчевски се најде на второто место по број на постигнати голови, идентично како и минатата сезона.
Листа на најдобри стрелци кај кадетите во натпреварувачката сезона 2015/2016:
1. Дејан Маркоски 12 ( 8-првенство, 4-куп)
2. Александар Трајчевски 9 ( 7-првенство, 2-куп)
3. Дамјан Менкиноски 6 (5-првенство, 1-куп)
4. Никола Серафимов 5 ( 4-првенство, 1-куп)
5. Кирил Китановски, Гоце Насковски и Михаил Геговски по 3 голови.