Утре на академијата на фудбалскиот клуб Вардар, контролни натпревари ќе одиграат шест Вардарови генерации. Противник на сите ќе бидат врсниците на Брегалница од Штип. Ова воедно ќе бидат последни мечеви за оваа натпреварувачка сезона, по што ќе следи заслужен одмор за црвено-црните генерации. Во утринската програма ќе настапат пионерските екипи и кадетите, додека во попладневните часови настапи ќе имаат генерациите родени “2003“ “2005“ и “2006“ година.
Вака изгледа програмата на одигрување контролни натпревари за Вардаровите екипи:
Вардар ( помлади пионери) – Брегалница 8:45
Вардар ( пионери) – Брегалница 10:30
Вардар ( кадети) – Брегалница 12:00
Вардар генер. “2003“ – Брегалница 17:30
Вардар генер. “2005“ – Брегалница 18:30
Вардар генер. “2006“ – Брегалница 18:00