Утре со почеток од 18 часот во спортската сала во Прилеп ќе се одигра бараж натпреварот за пласман во најсилната супер лига. Екипите на РК Вардар 2 и ГРК Борец ќе се борат за ова место. Веќе е познато дека од следната сезона нов учесник е екипата на ХЈС Работник, додека во понизок ранг односно во првата ракометна лига се сели тимот на Металург 2. Кој ќе се натпреварува од следната сезона во овие две лиги, ќе дознаеме во недела по одигрување на овој натпревар, кој ќе биде единствен и тоа на неутрален терен. Еден од адутите на Вардарци е младиот голман Никола Кизиќ кој имаше одлична сезона пред себе и се очекува да биде голема опасност за противничките играчи. Кизиќ за нашиот сајт во пресрет на овој важен меч ги сподели очекувањата иод бараж натпреварот против ГРК Борец.
-Очекувам да биде еден неизвесен натпревар. Ние имаме проблеми со повредени играчи, сепак Борец е повозрасна и поискусна екипа па фаворитската улога се препишува на противникот. Младоста и желбата за надигрување никој неможе да ни ја одземе. Ќе се бориме до самиот крај, се надевам дека ќе излеземе како победници и ќе бидеме најпријатното изненадување во Македонската ракометна лига, изјави Никола Кизиќ за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски