Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Јовановски ја предводи листата на најдобри стрелци кај Вардаровата генерација родени “2005“
Филип Јовановски ја предводи листата на најдобри стрелци кај Вардаровата генерација родени “2005“

Филип Јовановски ја предводи листата на најдобри стрелци кај Вардаровата генерација родени “2005“

Вардаровата генерација родени “2005“ оваа сезона во детската лига ја завршија како вицешампиони. Избраниците на Зоран Петковски се натпреваруваа со две свои екипи кои се пласираа во елиминациските мечеви. Таму ждрепката сакаше да се сретнеме меѓусебно, така што само Вардар (1) продолжи понатаму. На крајот второ место за оваа генерација, што претставува голем успех. Двете екипи вкупно за цела сезона постигнаа 269 голови, што говори за ефикасноста во нападот за нашите млади надежи. Стрелец број еден за генерација “2005“ е капитенот Филип Јовановски, кој трета последователна година е најдобар стрелец во ФК Вардар, откако истово достигнување го направи и во сезоните 2013/14 и 2014/15 година. Тој е најубитачното лево крило од ФК Вардар, а веруваме и во Македонија за оваа генерација.  Првите фудбалски чекори ги започна во ФК Вардар кога имаше неполни осум години и остана верен на клубот до денес. Со црвено-црните има учествувано на повеќе домашни и меѓународни турнири со освоени повеќе награди и пофалници.

Ви ја претставуваме листата на ТОП-7 најдобри стрелци во детската лига за оваа Вардарова генерација.

1. Филип Јовановски 35

2. Горјан Цвеков  31

3. Давор Лефковски  25

4. Никола Величковски  24

5. Дарко Секоски   18

6. Стефан Наумовски  16

7. Петар Пројкоски   15