Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште 10 дена до ждребката за Л.Ш , Вардар очекува противник по мерка
Уште 10 дена до ждребката за Л.Ш , Вардар очекува противник по мерка

Уште 10 дена до ждребката за Л.Ш , Вардар очекува противник по мерка

Остануваат уште десет дена до ждребката за нашиот противник во второто квалификациско коло од елитната УЕФА лигата на  шампионите. Според календарот противникот ќе го дознаеме по жребувањето  во седиштето на УЕФА на 20 јуни. Вардар како и претходните сезони кога имаше пласман во најквалитетното европско натпреварување преку титулата во домашниот шампионат ќе биде во групата на т.н неносители, односно тимови на кои ќе им се паднат  екипи со повисок  коефициент.

Подготовките се стартувани, го одработуваме делот во главниот град на нашата земја по што ќе заминеме во странство за реализирање на втората фаза од летните подготовки. Вардарци очекуваат противник по мерка со кој ќе може да го покажат својот квалитет и да изборат евентуален пласман понатака во “фамозното“ трето коло кое неколку пати ни бега за гол. Најпрво со Бате Борисов неуспевме да погодиме дома за пласман во истото, а со АПОЕЛ и ако непоразени заради послабиот биланс на голови во гости останавме без пласман. Оваа сезона за  вардарци одисејата ќе стартува на 12 /13 јули кога се играат првите мечеви, а возвратните мечеви се на програмата седум дена подоцна. За време на подготовките Вардар ќе одигра силни контролки, меѓу противниците има и  тимови кои се носители во второто квалификациско коло во Л.Ш.  Пријателски средби се планирани со: Динамо Загреб, Штурм, Марибор, Спартак Трнава и  најмалку уште еден противник кој ќе биде дополнително договорен.