Вардаровите каратисти ја маѓепсаа публиката на „Ноќта на боречките вештини“ во Нови Пазар-Србија, каде што имаше учесници од Германија, Турција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Романија.
Како што донесува најдобриот македонски и балкански веб-сајт за боречки вешнини- IPON.MK шотокан до клубот Вардар го претстауваат репрезентативецот во кати Мартин Ристовски, Сунај Демири и Алмир Османспахиќ, под водство на тренерот Назим Куртовиќ. Ристовски ја изведе катата „гоџо шиху дај“, а потоа сите заедно интерпретирале животински дижења како карате техники. На крајот изработиле самоодбранбени и борбени техники.
Тренер на црвено-црниот карате колектив е Назим Куртовиќ-легенда за каратето во СФРЈ и Македонија. Публиката била воодушевена и ги наградила со големи аплаузи, а коментарите биле дека ова ја враќа вербата во каратето како боречка вештина. На овој спектакл ќе бидат демонстрирани вештини од повеќе боречки спортови.