Тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ кој е познат по својата преданост на голманите , љубовта со која пристапува кон младите надежи, а особено покрај што им пренесува голманско знаење им го “всадува вардаровиот код“ на идните вардарци на терените на фудбалската Академијата на Вардар направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории – петлиња. Оваа игра односно натпревар низ кој се учат дополнителни вештини и се потикнува голманската креативност е наречена “војна на голманите“. Учесници во истата беа следните момчиња: Лука Стојковски и Гоце Јовчев (2003), Стефан Тасев, Горазд Гигов, Васко Василев иНаум Ангелов(2004), Марко Бреслиев и Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак и Марко Ивановски (2006),Јоцо Спасовски и Лука Јаневски (2007) и најмладиот Лука Грчевски (2009) година. Се натпреваруваа по принцип секој со секого поделeни во две возрасни групи. Првата група ја сочинуваа повозрасните голмани од 2003 и 2004 година, додека во втората настапија помладите надежи. Од овој настан организиран од Мутибариќ Слободан ви доневме видеа (види), а во продолжение ви носиме деваесетина фотографии од младите надежи.
По крајот беа доделени пехарите, големи на најдобрите двајца и на сите момци за учество во оваа “војна на голмани“. Истите како што веќе во неколку наврата известивме ги даде најголемата голманска легенда на црвено-црните во историјата единствениот Драган Мутибариќ. Во продолжение ви носиме неколку слики од доделувањето, а целосната галерија од овој свечен чин може да ја погледнете-ОВДЕ.