На терените на фудбалската Академијата на Вардар во текот на вчеашното попладне тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории – петлиња., т.н “војна на голманите“. Во истата учествуваа Лука Стојковски и Гоце Јовчев (2003), Стефан Тасев, Горазд Гигов, Васко Василев и Наум Ангелов(2004), Марко Бреслиев и Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак и Марко Ивановски (2006),Јоцо Спасовски и Лука Јаневски (2007) и најмладиот Лука Грчевски (2009) година. Се натпреваруваа секој со секого поделeни во две групи. Првата група ја сочинуваа повозрасните голмани од 2003 и 2004 година, додека во втората настапија помладите надежи. Кој ќе постигнеше повеќе погодоци тој го добиваше дуелот, а секој шутираше од својата половина со рака и нога. Сите голмани ги истакнаа своите квалитети и голем потенцијал кој го поседуваат. Во продолжение ви носиме четири видео клипови од овој вчерашен настан.
ВОЈНА НА ГОЛМАНИ-ЗАГРЕВАЊЕ!
ВОЈНА НА ГОЛМАНИ-ДУЕЛИ !