Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Одличен настап на Влаќевски за светската селекција и место во топ-6 на ревиалниот дуел
КУГЛАЊЕ! Одличен настап на Влаќевски за светската селекција и место во топ-6 на ревиалниот дуел

КУГЛАЊЕ! Одличен настап на Влаќевски за светската селекција и место во топ-6 на ревиалниот дуел

Викендов што е зад нас поточно во саботата кугларскиот “Моцарт“ играчот на црвено-црниот кугларски колектив Бојан Влаќевски беше во  Фекетиќ-Република Србија, каде  настапи на ревијален меч   за “светската селекција“.  Ревиалниот дуел  се одигра  на свечено пуштање на нова куглана во тоа населено место. Во дуелот  се сретнат светскиот шампион кугларската селекција на нашиот северен сосед Република Србија и “светската репрезенација“ составена од најдобрите куглари во која настапи Бојан.

Нашиот куглар имаше одличен настап и ако не собори личен рекорд како што посакуваше сосема солидно се прикажа и беше повеќе од достоен преставник на Вардар и македонското куглање на овој дуел. Светската селекција за која тој настапи беше подобра во овој меч од домашната селекција на Република Србија. Најдобар скор во оваа нова куглана имаше светскиот првак и рекорден Вили Заворко. Нашиот Влаќевски успеа да биде во топ-6 најдобри резулати на овој меч. Влаќевски уште еднаш покажа дека во Вардар имаме име од “светски калибар“ несомнено тоа го покажа и во Купот на Македонија и Македонската кугларска лига каде со Димитровски Димитар беа ударни игли и “жнееа“ признанија секое коло. Бојан Влаќевски не изигра на негово најдобро ниво , но со оглед на сите резултати се добива заклучок дека кугланата била тежок терен. Листата на најдобри топ-6 играчи на мечот изгледа вака:

  1. Вили Заворко (Свет) 662
  2. Матеј Лепај (СРБ) 633
  3. Игор Ковачевиќ (СРБ) 630
  4. Даниел Тепса (СРБ) 618
  5. Марко Тркиља (Свет) 589
  6. Бојан Влаќевски (Свет-Мкд) 588