Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ”Црвено – црните” од денес со тренинзи во Австрија
”Црвено – црните” од денес со тренинзи во Австрија

”Црвено – црните” од денес со тренинзи во Австрија

Целиот тим, заедно со стручниот штаб пристигнаa вчера вечерта во старно – новата база за летни подготовки во ”Авита” Тацмандорф, Австрија. Нашите момци ќе останат во ”Aвита” и ќе тренираат се до 23 јуни. Потоа ќе се замине за Хрватска. Во Австрија ќе се одиграат и две пријателски натпревари.

Околу играчкиот кадар има неколку промени. Како што најавивме, Обрегон отпатува заедно со екипата, исто како и младинскиот играч Есмин Личина. Се очекуваше новиот играч Игор Алексовски да пристигне малку подоцна во Австрија, но тој вчера отпатува заедно со екипата. Ацо Стојков остана во Скопје, како и Кобетиќ. По се изгледа дека Стојков заврши со ФК Вардар, исто и Кобетиќ.