Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе, Асани и Обрегон во Австрија

Фелипе, Асани и Обрегон во Австрија

fkvardar-felipe-asani-obregon

”Црвено – црните” веќе го одработуваат првиот ден во хотелот ”Авита” – Австрија. Нашите играчи, денеска означија старт на подготовките во Австрија, тие денеска имаа два тренинга. На фотографијата која ни доаѓа од Австрија, се гледа новиот тимски дух помеѓу играчите. Младиот вардаров играч Асани на својот инстаграм профил постави фотографија со неговите двајца колеги, бразилецот Фелипе и новиот играч на Вардар Обрегон.

Што се однесува до Обрегон, тој е одлично прифатен од тимот, а сега се очекува неговиот потенцијал да го пренесе и на теренот, со самото тоа тренерот Седлоски да се увери во неговите квалитети, и да потпише професионален договор со нашиот шампион. Првата ”контролка” на Вардарци во Австрија е на 18, против австриски Штурм.