Вардаровата генерација родени “2006“ година е дефинитивно најактивна со одигрување на контролни натпревари. Тренерот Кралевски не пропушта ништо на случајноста и продолжува со напорна работа и труд да ја воигрува својата екипа за следната натпреварувачка сезона, но и за предизвикот кој следува во периодот од 24-27 јуни на турнирот во Краљево. Ова е веќе петта последователна победа на контролните мечеви за нашите млади надежи и повторно против екипата на Форца. Форца која важи за една од најталентираните школи неможеше да се носи во дуелот со младите Вардарци, кои уште еднаш покажаа дека се наоѓаат во одлична форма и натпреварувачки ритам. Натпреварот се одигра на академијата и заврши во корист на црвено-црните, со убедлив резултат од 6:0. Се играа две полувремиња по 25 минути. Дарко Сековски продолжува во голгетерски ритам да ги полни противничките мрежи постигнувајќи два гола. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Давид Голубов, Матеј Гаштаров, Максим Цониќ и Марко Николовски. Се играше во формација 7+1 играчи на теренот.
На претходните пријателски натпревари бевме убедливи во дуелите против Фамос (17:1), Драчево (9:1), Кул (17:1), Форца (10:2) и Мал Ајакс (16:0).