Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед на сезоната за младинките на ЖРК Вардар
Преглед на сезоната за младинките на ЖРК Вардар

Преглед на сезоната за младинките на ЖРК Вардар

Младинките на ракометниот клуб Вардар не успеаа во битката за освојување на шампионската титула. Оваа сезона младинската лига броеше само 7 екипи, а по квалитет се одвоија екипите на Вардар и Металург. Поради малиот број на одиграни натпревари во регуларниот дел од сезоната, шампионот се решаваше во плејоф разигрувањето каде се пласираа најдобрите четири екипи. Регуларниот дел од сезоната избраничките на Билјана Пецевска го завршија на второто место на табелата со 10 победи и 2 порази. Двата неуспеха беа во првиот дел од сезоната. Првиот беше против Металург во Автокоманда, додека вториот оној неочекуван и изненадувачки на гостувањето во Делчево, против истоимената екипа. Останатите мечеви со исклучок на оној домашниот во првото коло против Чаир ги добивме убедливо во наша корист.

Резултати од есенскиот дел на сезоната:

1 коло: Вардар – Чаир  23:22

2 коло: Вардар – Кичево  29:13

3 коло: Бисинов - Вардар  11:39

4 коло: слободни

5 коло Металург - Вардар  23:20

6 коло: Вардар – Ѓорче  26:14

7 коло: Делчево - Вардар  25:23

Пролетниот дел од сезоната помина многу подобро за нашите младинки, кои како одминуваа натпреварите играа се подобро. Очигледно беше дека формата оди во нагорна линија, а постигнатите резултати најдобро говореа за супериорноста на црвено-црните. Многу подобра игра и висок триумф на гостувањето во Чаир, за разлика од оној прв есенски натпревар, како и одмазда за поразот во Делчево. Дербито со Металург им припадна на Вардарки, кои одиграа одличен натпревар и заслужено триумфираа.

Резултати од пролетниот дел:

8 коло: Чаир – Вардар  20:27

9 коло: Кичево – Вардар   24:28

10 коло: Вардар – Бисинов  40:14

11 коло: слободни

12 коло: Вардар – Металург  20:16

13 коло: Ѓорче- Вардар   24:25

14 коло: Вардар – Делчево  34:23

Во плејофот се најдоа првите четири пласирани екипи од регуларниот дел на сезоната. Добро го започнавме и овој дел од натпреварувањето, каде секоја победа беше важна во борбата за титулата. Се започна добро, ги добивме мечевите со Ѓорче и Чаир, по што следеше дербито со екипата на Металург. Екипата од Автокоманда го доби тој натпревар, иако во составот имаа играчи од првиот тим, нашите младинки пружија силен отпор и загубија со само три гола разлика. Кога се очекуваше дека титулата ќе се решава на Кале, голем “кикс“ за избраничките на Пецевска кои не успеа да ги освојат сите бодови на гостувањето во Ѓорче. Тука ја загубивме титулата, додека последниот натпревар против Металург немаше никакво резултатско значење.

Плејоф разигрување за титула:

1 коло: Вардар – Ѓорче  28:23

2 коло: Вардар – Чаир  28:20

3 коло: Металург – Вардар  21:18

4 коло: Ѓорче - Вардар  21:21

5 коло: Чаир – Вардар  27:33

6 коло: Вардар – Металург 25:26

Во редовите на Вардар за оваа натпреварувачка сезона посебно се истакнаа Јована Мицевска, Анастасија Николовска и Ива Божиноска. Покрај натпреварите во лигата за одбележување се и настапите на турнирот во Белград каде го освоивме четвртото место и на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ на кој го подигнавме трофејот.