Како “шлаг“ за крајот на една успешна сезона во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар, тренерот на голманите Слободан Мутибариќ подготви изненадување за сите голмани во младинските категории ( петлиња). Тој организираше натпревар, таканаречен “ војна на голманите“ на кој учествуваа сите деца кои тренерираат во овие генерации на ФК Вардар. На крајот беа доделени пехари за сите голмани кои учествуваа на натпреварот. Војната на голманите ја добри кај највозрасните Лука Стојковски кој успеа да победи на најмногу дуели и да освои најмногу бодови. Кај помладата категорија прв на листа беше Андреј Данстак кој по дополнително изведување на удари од белата точка го совлада Леонид Илиевски во дуелот за шампион кај помладите голмански надежи. Сепак сите на крајот се победници во играта, во која уживаа сите пристуни гледачи. Тоа не беше целото изненадување за нашите млади надежи. Пехарите им ги врачи најголемото голманско име во земјава легендата на Вардар, ех ју лигата и на југословенскиот фудбал единствениот Драган Мутибариќ, кој на секој голман му посака добро здравје и успешно развивање како голман. Голема беше честа да се примат наградите и советите од оваа голманска легенда за младите надежи, неговите зборови и совети ќе бидат само потик и “ѕвезда водилка“ во понатамошните кариери на овие момци. Погледнете ја нашата фотогалерија од доделување на пехарите, настан на кој ние како медиум бевме пристуни.