Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лука Стојковски и Андреј Данстак ја добија “војната на голманите“ во младинските категории ( петлиња)
Лука Стојковски и Андреј Данстак ја добија “војната на голманите“ во младинските категории ( петлиња)
Лука Стојковски !

Лука Стојковски и Андреј Данстак ја добија “војната на голманите“ во младинските категории ( петлиња)

Вчера на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар, тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории ( петлиња). Во таканаречената “војна на голманите“ учествуваа Лука Стојковски и Гоце Јовчев (2003), Стефан Тасев, Горазд Гигов, Васко Василев и Наум Ангелов (2004), Марко Бреслиев и Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак и Марко Ивановски (2006), Јоцо Спасовски и Лука Јаневски (2007) и најмладиот Лука Грчевски (2009) година. Се натпреваруваа секој со секого поделeни во две групи. Првата група ја сочинуваа повозрасните голмани од 2003 и 2004 година, додека во втората настапија помладите надежи. Кој ќе постигнеше повеќе погодоци тој го добиваше дуелот, а секој шутираше од својата половина со рака и нога. Сите голмани ги истакнаа своите квалитети и голем потенцијал кој го поседуваат. Интересно беше да се гледа и најмладиот Лука Грчевски кој е роден 2009 година , тој собра доста аплаузи кај присутните гледачи.

Голема беше честа за младите момци кој ја примиа наградата од вардаровата голманска легенда Драган Мутибариќ !

Голема беше честа за младите момци кој ја примиа наградата од вардаровата голманска легенда Драган Мутибариќ !

Војната на голманите ја добри кај највозрасните  Лука Стојковски кој успеа да победи на најмногу дуели и да освои најмногу бодови. Кај помладата категорија  прв на листа беше Андреј Данстак кој по дополнително изведување на удари од белата точка го совлада Леонид Илиевски во дуелот за шампион кај помладите голмански надежи. Овие двајца голмани имаа ист број на освоени поени, имаа и нерешен меѓусебен дуел, па мораше да се изведуваат дополнителни пенали. На крајот сите добија награди, кои на изненадување на сите ги доделуваше голманската легенда на фудбалскиот клуб Вардар најдобриот чувар на мрежата во 69 годишната историја на црвено-црните Драган Мутибариќ. Истиот покрај наградите на младите момци им подели и неколку совети кои ќе ги водат низ нивните кариери. Голема чест беше за дечињата што токму оваа голманска величина им ги додели наградите како сатисфакција за понатамошната работа. Вардар фанс како верни подржувачи на младинските категории од овој настан покрај оваа вест ќе ви донесат и две фотогалерии и неколку видео клипови од т.н “војна на голманите“.

Андреј Данстак !

Андреј Данстак !