Македонската ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман на светското првенство, кое во 2017 година ќе се оидгра во Франција. Македонија успеа да ги надомести шестте гола негатива од првиот дуел во Злин и да ја победи Чешка со резултат 34:27.
Уште по првите 30 минути имавме резултат, кој ни носеше пласман на светското првенство. Одлично го започнавме натпреварот со предност од 4:1, која како одминуваше мечот постепено се зголемуваше. На полувреме имавме водство од 19:11. На стартот на вториот дел успеавме да стигнеме и до двоцифрена предност 23:13. До крајот го контролиравме резултатот и играта на теренот. Влеговме со сигурно водство во финишот кое не дозволивме да го изгубиме. На крајот сосема заслужен триумф и радост за нашите репрезентативци. Од Вардаровите играчи Стојанче Стоилов како и на првиот меч постигна еден гол.
Тимур Дибиров и Данил Шишкарев со селекцијата на Русија исто така обезбедија пласман на мундијалот во Франција, откако повторно беа убедливи и на реваншот во Црна Гора. Избраниците на Торгованов остварија нова победа со резултат 29:19. Уште по првиот меч Русите имаа солидна предност, која им даваше големи шанси за конечен триумф во овој двомеч. Данил Шишкарев беше стрелец на пет голови, додека Дибиров постигна два.
Нов неуспех за Српската репрезентација која повторно не успеа да обезбеди пласман на едно големо натпреварување. Унгарија на домашниот терен во Веспрем славеше со резултат 30:25, впишувајќи ја втората победа во дуелите со Србија. Пикерот на Вардар, Мијалјо Марсениќ го заврши натпреварот со три постигнати голови.