Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четири победи и два нерешени резултати за Вардаровите екипи на првиот ден од турнирот во Краљево
Четири победи и два нерешени резултати за Вардаровите екипи на првиот ден од  турнирот во Краљево

Четири победи и два нерешени резултати за Вардаровите екипи на првиот ден од турнирот во Краљево

Вчера во Краљево стартуваше првиот натпреварувачки ден на турнирот “Кикер куп“ на кој учествуваат три наши генерации.

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година оствари една победа и нерешен резултат. Во првото коло се сретнавме со екипата на СК 99, против која одигравме без голови 0:0. Веќе на вториот натпревар кој исто така се одигра во вчерашниот ден и тоа во вечерните часови, избраниците на Зоран Петковски беа убедливи во дуелот со Будуќност. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 6:0. Горјан Цветков и Никола Величковски беа стрелци на два гола. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Филип Јовановски и Давор Лефковски.

Избраниците на Игор Кралевски, генерација “2006“ исто така имаше една победа и нерешен резултат на првиот натпреварувачки ден. Турнирот го отворивме со натпревар против екипата на Аполон, со која ремизиравме 1:1. Стрелец на единствениот погодок за Вардар бил Марко Николовски. Вториот дуел од групната фаза го добивме со службен резултат (3:0) против екипата на Финале КС од Крушевац.

Најмладатга Вардарова генерација родени “2007“ со два триумфа го започнаа овој турнир. Натпреварот со Национал го добивме со службен резултат (3:0), додека на вториот меч силите ги одмеривме со екипата на Металац. Овој натпревар го добивме убедливо во наша корист, со резултат од 5:0.

Денс продолжуваме со натпревари на силниот меѓународен турнир во Краљево.