Правилата на кугларска федерација на Македонија велат дека летниот преоден рок во Македонската кугларска лига за сезоната 2016/17 започна на 20.05.16 година, а заврши на 20.06.16 година. Сепак црвено-црните добија недела повеќе заедно со Макпетрол за да решат околу преминувањето на еден играч од нашиот тим кај нашиот ривал, стануваше збор за Дане Јакимовски. Освен ова заминување овој летен преоден рок за нашиот црвено-црн кугларски колектив КК Вардар немаше поголеми турбуленции. Сепак како што знаат да кажат поискусните во тимот што победува не се менува, па така воден од оваа позната изрека нашиот Кугларски клуб Вардар во преодниот рок не експериментираше премногу.
Напоменавме дека единствен кој го напушти КК Вардар беше Дане , тој својата кариера ќе ја продолжи во ривалот на црвено-црните, актуелниот “двоен шампион“ на земјава екипата на КК Макпетрол. Дане беше помеѓу најдобрите поедници во црвено-црните со трет скор оваа сезона, тој во Вардар го достигна неговиот играчки максимум . Токму постигнувањето на ова ниво му го донесе трансферот во Шампионот во МКЛ и Купот на Република Македонија , Макпетрол. Тој премина во Вардар пред две години од “расформираниот“ тим на КК Гтц -Скопје, во тие две години успеа двапати да го сруши својот личен рекорд и секогаш да биде “огнена поддршка“ за ударното дуо Влаќевски-Димитровски. Неговиот премин ќе се реализира надвр од трансфер периодот откако доби дозвола од Управниот одбор на македонската кугларска федерација за такво нешто со цел, решавање на оштетното побарување помеѓу неговиот сегашен и иден клуб. Вардар фанс му се заблагодарува во името на цела редакција и вардаровата публика на Јакимовски за се она што даде во црвено-црниот свет дрес и му посакува успешна кариера во иднина и да “жнее“ нови успеси во истата.