Вчера во Краљево стартуваше првиот натпреварувачки ден на турнирот “Кикер куп“ на кој учествуваат три наши генерации.
Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година оствари една победа и нерешен резултат. Во првото коло се сретнавме со екипата на СК 99, против која одигравме без голови 0:0. Веќе на вториот натпревар кој исто така се одигра во вчерашниот ден и тоа во вечерните часови, избраниците на Зоран Петковски беа убедливи во дуелот со Будуќност. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 6:0. Горјан Цветков и Никола Величковски беа стрелци на два гола. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Филип Јовановски и Давор Лефковски.
Избраниците на Игор Кралевски, генерација “2006“ исто така имаше една победа и нерешен резултат на првиот натпреварувачки ден. Турнирот го отворивме со натпревар против екипата на Аполон, со која ремизиравме 1:1. Стрелец на единствениот погодок за Вардар бил Марко Николовски. Вториот дуел од групната фаза го добивме со службен резултат (3:0) против екипата на Финале КС од Крушевац.
Најмладатга Вардарова генерација родени “2007“ со два триумфа го започнаа овој турнир. Натпреварот со Национал го добивме со службен резултат (3:0), додека на вториот меч силите ги одмеривме со екипата на Металац. Овој натпревар го добивме убедливо во наша корист, со резултат од 5:0.
Денс продолжуваме со натпревари на силниот меѓународен турнир во Краљево.