Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Влатко Колев гостин во ТВ Нова, во стручна анализа на европското фудбалско првенство
Влатко Колев гостин во ТВ Нова, во стручна анализа на европското фудбалско првенство

Влатко Колев гостин во ТВ Нова, во стручна анализа на европското фудбалско првенство

Тренерот на кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, Влатко Колев беше гостин во телевизијата ТВ Нова, во стручна анализа на европското првенство кое во изминатиов период се игра во Франција. Веќе се одиграа сите натпревари во групната фаза, по што беа познати сите селекции кои се пласираа понатаму. Од денес веќе стартуваат осминафиналните мечеви на европското првенство, по што никој нема право на грешка, доколку сака да си го продолжи претстојот на овој мундијал.

Вардаровиот тренер на кадетите во анализата напомена дека се игра фудбал со многу тактички надмудрувања помеѓу селекторите, додека “убавината“ е во втор план. Исто така напомена дека очекува голем успех на некоја мала фудбалска нација, која би стигнала до самиот крај на европското првенство.