Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Чаневски е вториот играч од Јуниор после Чурлевски, кој заминува во ХЈС Работник
Чаневски е вториот играч од Јуниор после Чурлевски, кој заминува во ХЈС Работник

Чаневски е вториот играч од Јуниор после Чурлевски, кој заминува во ХЈС Работник

Голманот на Вардар Јуниор, младиот Градимир Чаневски од следната сезона нема да биде дел од црвено-црниот состав. Тој потпиша верност на една година со новиот учесник во супер лигата, екипата на ХЈС Работник од Битола. Како што е познато Работник оваа сезона се натпреваруваше во првата ракометна лига и како првопласиран успеа да обезбеди учество во најсилната супер-лига. Единствен и најголем конкурент за тоа место им беа младите момчиња од РК Вардар 2, кои на крајот завршија како второпласирани. Чаневски е втор ракометар од Јуниор кој заминува во Битолскиот тим, претходно прв кој премина во нивните редови беше средниот бек Филип Чурлевски.

Вардар Јуниор не чекаше многу и брзо најде замена на голманската позиција. Нов чувар на мрежата на Јуниор ќе биде младиот Даниел Ѓорѓески, кој всушност по шест години се враќа во редовите на Вардар. Инаку дојде од екипата на Работнички, каде оваа сезона бележеше одлични настапи. Голманското трио за следната натпреварувачка сезона во екипата предводена од Петрушевски треба да ја сочинуваат Ѓорѓески, Кизиќ и Ивановски.