Историја! 1985 Вардар по втор пат во Европа ја преставуваше С.Ф.Р.Ј
Posted by: М.Т - Лико
26/06/2016
in Прв тим, ФК Вардар
Црвено-црните 1961 по освojување на трофејот во купот на Маршалот ја преставуваа тогашна СФР Југославија во фудбалска Eвропа, а втората шанса ја добиа по дури 24 години. Вардар се враќа на меѓународната сцена, освојувајќи го петото место во првенството на СФРЈ. Вардар во сезоната 1984/84 заврши со 37 бодови, еден зад Ц. Звезда, а два зад Партизан, остварувајќи скор од 16 победи, пет ремина и 12 порази со гол-разлика 67-58. Најдобриот стрелец на Југославија, една сезона претходно, Дарко Панчев, повторно беше предводник на Вардар, постигна 20 голови во оваа сезона за враќање на меѓународната сцена и заврши како втор најдобар голгетер во првенството.
Во Купот на УЕФА прв противник на Вардар беше Динамо Букурешт од Романија, а по поразот на гостувањето со 2-1, црвено-црните го забележаа и првиот поголем успех, со триумфот со 1-0 во Скопје на 2 октомври 1985, со гол на Грдан Здравков, црвено-црните ја минаа првата пречка. Следеше потоа дуел со Данди јунајтед и пораз на гости со 0-2 и реми дома 1-1 за елиминација од понатамошните настапи.
Slider 2016-06-26