Продолжуваат контролните натпревари за генерацијата родени “2006“ година. Вчера на академијата, нашите млади надежи се сретнаа со екипата на Смилковци. Подобри беа црвено-црните, кои славеа убедлива победа со резултат 8:1. Се играа две полувремиња по 30 минути.
Марко Николовски постигна хет-трик на овој дуел. По два гола беа дело на Стефан Коловски и Матеј Гаштаров, додека во листата на стрелци се запиша и Самир Хасиќ. Продолжуваат успешните настапи за избраниците на Игор Кралевски на подготвителните мечеви, како подготовка за новата натпреварувачка сезона, каде оваа генерација ќе игра со формација 6+1.
Во сабота на истиов терен со почеток од 18:30 часот, младите Вардарци ќе одиграат пријателски натпревар со екипата на Форца од Битола, предводена од Ванчо Мицевски, кој е поранешен репрезентативец на Македонија.