Шампионот на Македонија, женскиот ракометен клуб на Вардар ги доби своите нови противници за сезоната 2016/17 во Лигата на шампионите. Ова ќе биде нов напад на ”црвено – црните” на толку посакуваното финале, односно избегнување на тоа веќе за нас ”кобно” трето место, или тн. бронзен медал од Лигата на шампионките.
Нашите девојки на овој ждреб се најдоа во групата Б како носители, а во нашата група се паднаа уште и: Рускиот шампион, екипата на Астраханочка, потоа унгарскиот преставник, екипата на ФТЦ Реил Карго, а последниот противник на Вардарки ќе биде познат подоцна, односно кога ќе бидат одиграни и квалификантските дуели на: Лајпцинг, Хипо, Бера Бера и Гомел.