Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2006“ на контролните натпревари
Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2006“ на контролните натпревари

Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2006“ на контролните натпревари

Продолжуваат контролните натпревари за генерацијата родени “2006“ година. Вчера на академијата, нашите млади надежи се сретнаа со екипата на Смилковци. Подобри беа црвено-црните, кои славеа убедлива победа со резултат 8:1. Се играа две полувремиња по 30 минути.

Марко Николовски постигна хет-трик на овој дуел. По два гола беа дело на Стефан Коловски и Матеј Гаштаров, додека во листата на стрелци се запиша и Самир Хасиќ. Продолжуваат успешните настапи за избраниците на Игор Кралевски на подготвителните мечеви, како подготовка за новата натпреварувачка сезона, каде оваа генерација ќе игра со формација 6+1.

Во сабота на истиов терен со почеток од 18:30 часот, младите Вардарци ќе одиграат пријателски натпревар со екипата на Форца од Битола, предводена од Ванчо Мицевски, кој е поранешен репрезентативец на Македонија.