Тренерот на црвено-црниот машки ракометен колектив Раул Гонзалес по ждрепката која во петокот се влечеше за групите во Л.Ш смета дека навивачите сезонава повторно ќе можат да уживаат во натпреварите од европската најелитна конкуренција, лигата на шампионите. РК Вардар ќе игра во Б групата, заедно со Рајн Некар, Кјелце, ППД Загреб, ПИК Сегед, Мешков, Целје и Кристијанштад. Шпанецот на клупата на црвено-црните за противниците кои се паднаа кратко изјавува дека ќе имаме тешка задача и дека публиката ќе ужива тој вели:
ЕХФ Лигата на шампионите е еден голем и навистина силен турнир. Тој е на исто ниво како и ланската сезона. Ова ќе биде уште едно извонредно натпреварување. Уверен сум дека навивачите ќе уживаат во сите наши натпревари во ЛШ, а ние ќе дадеме се од себе да бидеме најдобри.
Познат е распоред за натпревари за играње во Б групата од ЛШ , истиот може да го погледнете во продолжение:
21-25.09 Кристијанштад – Вардар
28.09 – 01.10 Вардар – Мешков
05-09.10 Целје – Вардар
12-16.10 Вардар – ПИК Сегед
19-23.10 ППД Загреб – Вардар
09-13.11 Вардар – Кјелце
16-20.11 Рајан Некар – Вардар
23-27.11 Вардар – Рајн Некар
30.11 – 04.12 Кјелце – Вардар
08-12.02.2017 Вардар – ППД Загреб
15-19.02.2017 ПИК Сегед – Вардар
22-26.02.2017 Вардар – Целје
01-05.03.2017 Мешков – Вардар
08-12.03.2017 Вардар – Кристијанштад