Веќе се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кој влегоа во големото црвено-црно семејство ги дава првите резултати. Ракометната “Јуниор“ лига која е целосен проект на ракометниот клуб Вардар го имаше својот финиш во првата сезона на нејзиното функционирање. Повеќе од 20 ракометни школи низ цела Македонија ја имаа можноста да се натпреваруваат, надигруваат, но истовремено да стекнуваат нови искуства, познанства и пријателства. Познати се победниците во сите возрасни генерации, во машкиот и женскиот дел на Јуниор лигата. Како пробен проект наиде на воодушевување кај сите ракометни школи, тренери и играчи кои од најмлади до највозрасни беа дел од ова натпреварување. Една од школите која оствари добри резултати e РК Преспа-Вардар, предводена од тренерот Иван Ангелковски.
-На секоја Ракометна школа и претставува чест и задоволство да биде дел од ракометната Академија на РК Вардар. Мислам дека е единствена екипа на балканот која има толкав број на школи и тренери кои се вклучени во ракометната академија на Вардар. Ресен од секогаш бил расаданик на Ракометни талаенти, морам да бидам не скромен од мојата школа има дури 10 играчи кои играт во младински и кадетски и сенироски екипи на Вардар.
Тренерот Ангелковски го потенцира големото значење на лигата, од аспект што “Јуниор“ лигата им дава можност на сите деца кои сакаат да играат ракомет да се натпреваруваат уште од најмала возраст.
-“Јуниор“ лигата претставува еден одличен проект каде што имат шанса децата од најмала возраст да играат натпревари во својата возрасна генерација. Тука за разлика од РФМ, децата првите натпревари ги играат на возраст од 8 години, додека во РФМ на 14-15 години, каде децата имаат еден голем период за напредок и за развој во својата спортска кариера.
РК Преспа успеаа на убедлив начин да стигне до првото место во лигата. Тие во финалето беа подобри од екипата на РК Кале-Вардар.
-Во категоријата 2002-2003 имавме одлични резултати, од 14 натпревари остваривме 14 победи и го освоивме првото место, децата имаа можност да играат квалитетни натпревари организирани на високо ниво кои ќе дадат придонес во нивниот понатамошен развој како спортисти.
Примарна цел за следната сезона е да се зголеми бројот на екипи кои ќе се натпреваруваат во “Јуниор“ лигата, а со тоа и поголем број на квалитетни деца кои би настапувале во младинските категории на ракометниот клуб Вардар.
-Следната сезона очекуваме организација на повисоко ниво и да има што е можно поголем број на пријавени екипи, со што би се овозможило поголем број на квалитени натпревари, а се надеваме во иднина и подобри домашни играчи во РК Вардар, изјави Иван Ангелковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски