Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за Вардаровата генер. “2006“ на контролни мечеви против екипата на Форца од Битола
Две победи за Вардаровата генер. “2006“ на контролни мечеви против екипата на Форца од Битола

Две победи за Вардаровата генер. “2006“ на контролни мечеви против екипата на Форца од Битола

Вчера на академијата, фудбалскиот клуб Вардар генерација родени “2006“ година “спарингуваа“ со екипата на Форца од Битола, која е предводена од Ванчо Мицевски. Избраниците на Игор Кралевски одиграа два контролни натпревари со оваа екипа.

Во првиот натпревар Вардар генерација “2006“ играше против генерацијата родени “2005“ година на Форца. Овој дуел заврши со убедлив триумф на црвено-црните со резултат 5:1. Се играа две полувремиња по 25 минути. Одличен натпревар за нашите млади надежи, кои константно напаѓаа на противничката половина. Марко Николовски постигна хет-трик, додека по еден гол беа дело на Михаил Танчев и Стефан Коловски. 

13599667_146908099064143_1903717098_n

На вториот дуел играа генерациите родени “2006“ на двете екипи. Повторно подобри беа Вардарци, кои славеа нова убедлива победа. Конечниот резултат на овој меч гласеше 7:2. Нова добра игра за избраниците на Игор Кралевски, кои на крај убедливо славеа. На овој натпревар се играа четири полувремиња по 15 минути.  Стрелци на головите за Вардар на овој натпревар беа: Михаил Танчев, Филип Цветковски, Ангел Настевски, Драган Јанкоски и Матеј Гаштаров.

На овие два натпревари настапивме без Давид Голубов, Михаил Николов и  Максим Цониќ. Радува податокот што Ангел Настевски, Мирза Хазиќ, Филип Цветковски и Михаил Танчев на вториот натпревар одиграа одлично и нивната форма оди во нагорна линија.

За пофала  е екипата на Форца од Битола, со нивната дисциплина, како за време на пристигнувањето и заминувањето од академијата, така и за време на натпреварите. Ванчо Мицевски е наша фудбалска легенда и успешен репрезентативец со добра кариера пред себе.

13566174_146908295730790_673226793_n

Во понеделник екипата има последен тренинг за оваа сезона, по што оваа генерација оди на заслужен одмор.