Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Oд 17 часот против Марибор
Oд 17 часот против Марибор

Oд 17 часот против Марибор

Денеска со почеток во 17 часот ФК Вардар ќе го одигра последниот пријателски натпревар на летните подготовки во Австрија и Хрватска. Денешен противник на нашите ”црвено – црни” момци ќе биде тимот на Марибор од Словенија.

Тимот на Марибор изминатата сезона заврши на второто место во Словенија и по пауза од неколку години го препушти приматот шампион на друга екипа. Марибор интересно на подготовките во Хрватска одигра и две идентични пријателски средби како и нашиот тим. Против тимот на Штурм славеше со резултат 2-1, додека пак против тимот на Јагелонија загуби со резултат 3-2. Очекуваме еден интересен дуел на овие два тима.