Нашиот фудбалски шампион го доживеа првиот пораз во подготвителниот период. После двата нерешени резултати против екипите на Штурм и Спартак Трнава во Австрија и триуфмот против Јагелонија, црвено-црните беа поразени против екипата на Марибор од Словенија. Овој дуел е дел од подготовките кои се одвиваат во Хрватска. Противникот беше поуспешен, забележувајќи триумф со резултат 2:1. По првото полувреме, исто така имаа водство од 1:0. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Хуан Фелипе. Ова всушност беше и последен сериозен испит, пред двомечот од второто квалификациско коло во лигата на шампиони, против екипата на Динамо Загреб.
Погледнете ги головите од вчерашниот натпревар против Марибор.