Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен од Марибор (2-1), мајсторски погодок на Фелипе
Вардар поразен од Марибор (2-1), мајсторски погодок на Фелипе

Вардар поразен од Марибор (2-1), мајсторски погодок на Фелипе

Вардар го доживеа првиот пораз на подготовките. Денеска нашите играчи беа поразени со резултат 2-1 (1-0) од тимот на Марибор. Ова беше последен тест меч за Вардарци на летните подготовки, нашите играчи се враќаат дома со една победа, две нерешени и еден пораз. Вардар на овој меч започна со овие 11-мина: Пачовски, Хамбарџумјан, Глишиќ, Мијушковиќ, Грнчаров, Глигоров, Спировски, Фелипе, Грозданоски, Којашевиќ и Обрегон. 

Во првиот дел Вардар беше по конкретен од Марибор, но по првиот дел тимот од Словенија водеше со 1-0, со гол во 45+1 дело на дефанзивецот Шулер. Вардар имаше неколку посериозни закани кон голот на Марибор. Најпрвин Обрегон во 30 минута доби една убава топка, го мина голманот на Марибор, но топката му побегна во гол аут и пропадна оваа шанса за нашиот тим. Потоа Вардар ја имше и најубавата можност во првиот дел преку Спировски, но Стефан не успеа да ја претвори во гол оваа 100% шанса. Спировски во 40 минута одзеде една топка од противнички играч, излезе пред голманот на противниците но по долго размислување, неговиот силен удар заврши во пречката и пропадна и оваа одлична можност да го отвориме резултатот. Потоа следуваше и казната,  Шулер од корнер со глава биеше и погоди за 1-0, со овој резултат се замина на полувреме.

Вардар во вториот дел започна со истиот состав. Во 51 минута Фелипе имаше добра закана гон голот на Марибор, биеше од 25-метри но млако и тоа беше лесен плен за голманот на Марибор. Во 60 минута Хоџиќ биеше силно, Пачовски ја допре топката, доволно таа од стативата да се одбие во корнер. Во следната акција Тавареш доби една убава топка, биеше прецизно од 15-сетина метри, Пачовски беше немоќен и тоа беше 2-0 за Марибор. Во 69 минта Којашевиќ се обиде со удар од 20-сетина метри но над голот на противникот заврши тој удар. Kaков гол на Фелипе во 78 минута. Вардар доби слободен удар, Фелипе биеше, а голманот на Марибор само ја проследи топката со поглед, Вардар намали на 2-1. Вардар се обидуваше до крајот на мечот да постигне уште еден погодок, но не успеа.