Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (Видео) Вардар со прв пораз во подготвителниот период
(Видео) Вардар со прв пораз во подготвителниот период

(Видео) Вардар со прв пораз во подготвителниот период

Нашиот фудбалски шампион го доживеа првиот пораз во подготвителниот период. После двата нерешени резултати против екипите на Штурм и Спартак Трнава во Австрија и триуфмот против Јагелонија, црвено-црните беа поразени против екипата на Марибор од Словенија. Овој дуел е дел од подготовките кои се одвиваат во Хрватска. Противникот беше поуспешен, забележувајќи триумф со резултат 2:1. По првото полувреме, исто така имаа водство од 1:0. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Хуан Фелипе. Ова всушност беше и последен сериозен испит, пред двомечот од второто квалификациско коло во лигата на шампиони, против екипата на Динамо Загреб.

Погледнете ги головите од вчерашниот натпревар против Марибор.