Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Марибор последен тест на летните подготовки , црвено-црните финалната фаза ќе ја одработат во Скопје
Марибор последен тест на летните подготовки , црвено-црните финалната фаза ќе ја одработат во Скопје

Марибор последен тест на летните подготовки , црвено-црните финалната фаза ќе ја одработат во Скопје

Вчарашниот тест натпревар со словенечкиот вицепрвак екипата на Марибор кој се одигра на теренот Одранце во Хратска   беше последна контролка на летните подготовки кои ги имавме најпрвин во Австрија, а потоа и во Хрватска . На истите одигравме четири пријателски средби забележавме два реми исхода, една победа и одигравме еден дуел во кој бевме поразени.

Пораз забележавме токму во оној дуел вчера со Марибор вчера кога они беа поуспешни од нас со резулат  2-1. Покрај тоа одигравме дуели со Штурм кој заврши нерешено, одигравме реми и со Спартак Трнава, а пак полскиот тим Јагелонија  го добивме со резулат 2-0. На 12-ти овој месец не очекува она што сите ние со нетрпение го очекуваме мечот во второто предквалификациско коло во Л.Ш со хрватскиот шампион Динамо. Нашите момци се враќаат за Скопје каде во тренинг центарот во населбата Хиподом ќе ја одработат финалната фаза од подготовките. Досега не е најавен пријателски меч во Скопје и ако е можно дополнително да се закаже уште една последна петта генералка пред средбата со постојаниот учесник во групната фаза во европските купови Динамо.