Заклучно со настапот на Ф4 турнирот во Будимпешта вардарки одиграа 46 натпревари во групната фаза од ЛШ, и постигнаа 29 победи и 12 порази. Процентот на победи е 68 %, што е многу повеќе дури и од некои тимови што се во самиот врв на таа табела. На овие натпревари досега имаме постигнато вкупно 1284 гола, а сме примиле 1135, односно имаме „позитива“ од плус 149 гола. Лидер по бројот на учества во ЕХФ Лигата на шампионките е екипата на Хипо која досега настапувала дури 23 пати, зад неа е црногорскиот тим Будуќност со 20 настапи , потоа следува екипата на Подравка со 18. Најмногу натпревари имаат одиграно Будуќност и Крим, по 202, а најдобар процент на успешност има Ѓер чии ракометарки победиле на 109 натпревари од вкупно 155 настапи. Инаку следната 2016/2017 сезона за Вардар ќе биде 14 учество во европските купови, а четврто во ЛШ. Досега во сите европски купови имаме одиграно 80 натпревари (вклучувајќи ги и двата квалификациски меча за влез во ЛШ)
Home > ЖРК Вардар > Голем успех за ЖРК Вардар- За три сезони влегоа меѓу топ-15 екипи на сите времиња во ЛШ