Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Николовска, Георгиевска, Божиноска и Станикевска, нови членови на ЖРК Вардар Јуниор
Николовска, Георгиевска, Божиноска и Станикевска, нови членови на ЖРК Вардар Јуниор

Николовска, Георгиевска, Божиноска и Станикевска, нови членови на ЖРК Вардар Јуниор

Екипата на ЖРК Вардар направи голем успех во изминатава сезона, успевајќи да стигне до второто место во супер лигата, кое води во ЕХФ натпреварувањето. Подмладувањето на Вардар  Јуниор продолжува и понатаму. За следната натпреварувачка сезона нови членови на составот предводен од Симе Симовски ќе бидат Анастасија Николовска, Моника Георгиевска, Ива Божиноска и Ана Станикевска. Сите доаѓаат од младинскиот состав на црвено-црните, кои изминатава сезона беа вицешампиони во младинската лига.

Николовска веќе претходно неколку пати ја имаме најавувано како играч, на кој во иднина треба да се смета за место во првиот тим на ЖРК Вардар. Во 2013 година добива големо признание од опшина Кисела Вода, кога е избрана за најдобар спортист на годината. Два пати по ред прогласувана за најдобро лево крило на турнирот  “Вардар, еден живот, една љубов“. Има забележано настапи и за првиот тим, кога беше повикана од тренерот Индира Кастратовиќ, како и кадетска репрезентативка на Македонија. Заедно со Божиноска беа најдобри стрелци во младинскиот состав за сезоната која измина.

Божиноска е следната ракометарка која со своите играчки квалитети посебно се истакнува.  Нејзината големина е во тоа што може да настапува на две позиции, како организатор на играта и како лев бек. На двата последователни турнири во организација на ракометниот клуб Вардар, добива награди за најдобар лев бек. На голем број мечеви за младинките на Вардар оваа сезона постигнуваше и двоцифрен број на погодоци. Веќе има дебитирано и за првата екипа, каде има постигнато неколку погодоци. Исто така и репрезентативка на Македонија.

Георгиевска и Станикевска се останатите две ракометарки, кои со своите игри оставија впечаток кај тренерот Симе Симовски, за настапи во екипата на Вардар Јуниор. Имаше напредок во нивната игра изминативе две сезони и очекувано се прекомандувани во екипа, каде ќе стекнуваат поголемо искуство и ќе се развиваат во поквалитетни играчи. Моника Гергиевска игра на позиција десен бек, додека најдоброто десно крило на последниот турнир “Еден живот, една љубов“ е Ана Станикевска.

Николовска потпиша договор на четири години, додека останатите три ракометарки ставија потпис на две години. Потег кој е за поздравување од страна на ракометниот клуб Вардар. Целта е јасна, во иднина да се направат играчи кој би можеле да играат и за првиот тим во лигата на шампионите.