Шампионскиот тренер на генерацијата родени “2004“ година, Филип Арсовски беше гостин во емисијата “Македонија наутро“. Со него заедно беа капитенот на оваа генерација Игор Јаневски и голманот Наум Ангелов кој тренира со оваа екипа. Да потсетиме тренерот Арсовски направи голем успех со оваа генерација, освојувајќи прво и трето место со своите екипи, на завршниот турнир во детската лига.
Целта на гостувањето беше околу летниот камп, кој во месец август ќе започне во Охрид. Од 7-12-ти август ќе се појави првата група, генерации родени 2003/04 година. Фудбалскиот клуб Вардар активно продолжува со работа, во наоѓање на нови талентирани деца кои би претставувале потенцијални засилувања за младинските категории. Првата сезона на Јуниор лигата и кампот во Дојран веќе донесе резултати. Осум деца беа препознаени како квалитетни и сега со успех го носат црвено-црниот дрес. Тема на разговор во емисијата беше и новата академија, која нуди одлични услови за работа и тренинг.