Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали “Шпанската“ колонија во РК Вардар може да донесе фајналфор за црвено-црните
Дали “Шпанската“ колонија во РК Вардар може да донесе фајналфор за црвено-црните

Дали “Шпанската“ колонија во РК Вардар може да донесе фајналфор за црвено-црните

Четврта последователна година машкиот ракометен клуб Вардар ќе се натпреварува во лигата на шампионите, откако истиот го презема Сергеј Самсоненко. Со неговото доаѓање екипата претрпе многу промени. Беа донесени неколку квалитетни засилувања, а за нов тренер беше назначен Зоран Кастратовиќ, кој на клупата го замени Веселин Вујовиќ. За клубот потпиша и првиот шпанец, младиот Алекс Душебаев кој е син на Талант и момче кое беше најавувано како еден од најдобрите млади играчи. Бргу дојде до смена на тренерското место. Кастратовиќ замина, а екипата на неколку натпревари ја водеше тогаш неговиот помошник, Андон Бошковски.

Откако во јавноста произлегоа неколку можни имиња за наследникот на Црнагорецот, господинот Самсоненко се одлучи фунцијата шеф на стручен штаб да му ја додели на Раул Гонзалес, кој можеби беше “анонимен“ за Македонската ракометна јавност, но познат како човек кој долго време работеше со сигурно еден од најдобрите стручњаци на денешницата и тренер на актуелниот европски шампион, тоа е Талан Душебав кој одреден период се поврзуваше со доаѓање во најголемиот Македонски клуб. Овие двајца речиси претходно пола кариера ја поминаа заедно и освоија многу трофеи, одличја и признанија, со екипите на Суидад Реал и Атлетико Мадрид. Набргу дојде уште едно шпанско име, се работеше за Давид Камара, кој беше назначен како помошен тренер на Раул. Така полека, но сигурно започна да се шири “фуријата“ во ракометниот клуб Вардар. Нивното присуство, значеше и привлекување на следни и нови имиња кои доаѓаат од земјата која била европски и светски првак.

Следниот чекор, можеби и најголем до овој период го прави едно од најзвучното голманско име во ракометна европа. Шпекулациите набргу станаа и вистинити, Арпад Штербик се одлучи да премине во редовите на Вардар, од екипата на Барселона. Ова се случи во втората на сезона на владеење на господинот Самсоненко, како сопственик на ракометните екипи. Голема желба во овој период беше и Хорхе Македа, но корпулентниот Шпанец мораше да го одбработи својот договор со тимот на Нант. Веќе следната натпреварувачка сезона, уште една желба стана реалност, стандардниот репрезентативец на Шпанија и десниот бек се одлучи да ја промени средината и да ја продолжи “алката“ на нови имиња кои доаѓаат во Вардар од оваа земја. Црвено-црните направија уште еден голем чекор, кон создавање на силен тим, кој во наредниве сезони треба да донесе повисок пласман од она 1/4, кое беше достигнување за нашите ракометари во последниве три години. Македа се покажа како големо засилување за тимот, кој игра подеднакво добро во напад и одбрана. Сепак тука не застанавме што се однесува за доаѓање на нови играчи од Шпанија. Последниот во тој ред, кој и официјално беше претставен од клубот е уште едно големо име, кое доаѓа од оваа земја. Се работи за Жоан Канелас, играч кој има големо и богато исксутво играјќи за многу квалитетни екипи. Има настапувано за тимови како Гранолерс, Барселона, Суидад Реал, Хамбург и Кил, како последна средина пред да се одлучи да го облече црвено-црниот дрес.

Шпанскиот ракомет многу години наназад е во врвот на европскиот и светски ракомет. Играчи како гореспоменатите, кои се важен дел од играта на Шпанската репрезентација со кои освоиле голем брј на медали, сега се носители на играта на нашиот ракометен шампион. Дали имиња како Душебаев, Штербик, Македа и Канелас можат да донесат фајналфор во Келн за Вардарци, ќе видиме во новата сезона која сите ние со нетрпение ја очекуваме. Едно е сигурно дека нашиот состав изгледа се помоќно од година во година, нешто што беше најавувано во периодот кога на чело на клубот дојде господинот Самсоненко.