Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионскиот тренер Филип Арсовски гостин во емисијата “Македонија наутро“
Шампионскиот тренер Филип Арсовски гостин во емисијата “Македонија наутро“

Шампионскиот тренер Филип Арсовски гостин во емисијата “Македонија наутро“

Шампионскиот тренер на генерацијата родени “2004“ година, Филип Арсовски беше гостин во емисијата “Македонија наутро“. Со него заедно беа капитенот на оваа генерација Игор Јаневски и голманот Наум Ангелов кој тренира со оваа екипа. Да потсетиме тренерот Арсовски направи голем успех со оваа генерација, освојувајќи прво и трето место со своите екипи, на завршниот турнир во детската лига.

Целта на гостувањето беше околу летниот камп, кој во месец август ќе започне во Охрид. Од 7-12-ти август ќе се појави првата група, генерации родени 2003/04 година. Фудбалскиот клуб Вардар активно продолжува со работа, во наоѓање на нови талентирани деца кои би претставувале потенцијални засилувања за младинските категории. Првата сезона на Јуниор лигата и кампот во Дојран веќе донесе резултати. Осум деца беа препознаени како квалитетни и сега со успех го носат црвено-црниот дрес. Тема на разговор во емисијата беше и новата академија, која нуди одлични услови за работа и тренинг.