Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски за “Макс“: Верувам во триумф над Динамо
Седлоски за “Макс“: Верувам во триумф над Динамо

Седлоски за “Макс“: Верувам во триумф над Динамо

За хрватската спортска јавност најпогоден соговорник за престојниот двомеч од второто предквалификациско коло во УЕФА Лигата на шампионите е тренерот на црвено-црниот фудбалски колектив и поранешен играч, а потоа и капитен на “модрите“ од Загреб Гоце Седлоски. Тој имаше фантастичен дел од кариерата во Динамо по што сеуште го помни јавноста во таа земја. За нивниот спорски неделик магазинот “Макс“ тој говори за дуелот на загребчани и ФК Вардар :

Динамо, јас најмалце го посакував за противник поради емоциите, но и поради квалитетот кои го имаат. Не можевме да добиеме потежок ривал , но што е тука е нема да “плачеме“.  Вардар расте во последните години, очекувам тоа да се види на дело токму против “модрите“. Верувајте, имаме свои шанси. Колку и да е излитена фразата “денес секој игра фудбал“, ние сме подготвени да го покажеме токму тоа. Погледнете  какви се изненадувања се случуваа на Европското првенство , зошто ние  не би славиме против Динамо Загреб. Апсолутно верувам во тоа, каков тренер би бил кога би рекол нешто спротивно, ако би се плашиме  подобро да не излегуваме на терен. Ние сме подготвени за тој двомеч, имаме искусни играчи кои знаат како да се постават во европските натпревари.

Тој говори и за новиот кормиларот на Динамо Загреб човекот кој го наследи Зоран Мамиќ човекот со големо “модро досие“ Златко Цицо Крањчар. Седловски за промената на клупата на противникот пред двомечот со црвено-црните вели:

Крањчар ми беше прв тренер кога дојдов во Динамо, ги знам неговите методи и идеи, па сигурно ќе се подготвиме. Не сум најсреќен бидејќи промената на тренер секогаш им ја  подигнува желбата за докажување на играчите. Тие кои не играле се борат за поголема минутажа, а оние кои биле стандардни не смеат да се опуштат бидејќи немаат кредити кај новиот тренер. Јас му посакувам на Цицо се најдобро, но не против ФК Вардар.