Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес е последниот ден да набавите билет по цена од 100 денари, за натпреварот против Динамо З.
Денес е последниот ден да набавите билет по цена од 100 денари, за натпреварот против Динамо З.

Денес е последниот ден да набавите билет по цена од 100 денари, за натпреварот против Динамо З.

Денеска е последен ден да набавите билет за натпреварот од лигата на шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Динамо Загреб, по симболична цена од само 100 денари. Според податоците, преку преброените билети на Тикет Плус онлајн, до овој момент останати се уште 11.000 билети за јужната и северната трибина. Ваков голем фудбалски настан кој се случува еднаш во годината кај нас, не смеете никако да пропуштите. На 12-ти јули со почеток од 20:45 часот на арената Филип Втори ќе гостува екипата на Динамо Загреб, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите.

Вашите билети можете да ги купите онлајн на www.ticketplus.mk и во продажните места:

Југотон ГТЦ 1 кат
Атлантик Турс, Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Корнер – Југодрво
Тобако – Водњанска
Тобако – СП Планет
Food Bar Trend – Сити Мол
Lounge Restaurant Trend – Центар
Telekom Trend, Киоск М1 – ТЦ Бисер
Киоск М1 – Кисела Вода
М1 Медиа – ТЦ Бисер
Киоск М1 – Холидеј ИН Киоск М1 – Скопјанка,
Киоск М1 – Собрание,
Киоск М1 – Центар,
Киоск Снек Бар М1 – Центар,
Пицерија Амати – Веро Центар,
Киоск М1 – Железничка станица – Центар,
Тобако – Капиштец,
Тобако Гоги Драчево – Кисела Вода,
Тобако МПМ – Центар,
Атлантик Турс – Кавадарци,
Т.А. Скала Травел – Струмица,
Т.А. Путник – Гевгелија,
Т.А. Бран – Прилеп,
Голден Тобако – Охрид,
Радио Кочани ФМ – Кочани,
Т.А. Мерион Травел – Куманово,
Унисон – Велес,
Кафе Мамбо – Тетово,
New Tobacco – Охрид.

Во поддршката на Вардарци се приклучува и фан шоп-от на клубот со неверојатна акција за верните навивачи и симпатизери на Вардар. Обезбедете маица за 399 денари, дрес за 1.299 денари, а во комбинација со шал дресот ќе биде Ваш по цена од 1.499 денари. Акцијата важи за оние кои ќе приложат билет за натпреварот Вардар – Динамо Загреб во фаншопот на клубот во СЦ Јане Сандански и на штандот во Скопје Сити Мол.

Потсетуваме уште еднаш денес е последен ден да набавите билети по цена од само 100 денари.