Сеуште трае летната пауза за момците и девојките на црвено-црниот ракометен колектив. Подготовките за новата сезона 2016/2017 за двата тима се веќе дефинирани, познати се датумите на почнување на истите и програмата по која ќе се одвиваат овие нови летни подготовки за ракометарите и ракометарките на нашиот Вардар.
Веќе се познати противниците во групната фаза од Л.Ш за РК Вардар, а воедно е познат и составот во СЕХА лигата кое е второ натпреварување во кое ќе настапуваме оваа сезона. Не очекуваат квалитетни мечеви во двете лиги во кои се сретнуваме со тимови од самиот европски “крем“. Подготовките за сезоната ќе одпочнат овој месец на 27-ми кога Гонзалес ќе го има првиот собир на момците.
Црвено-црниот машки ракометен колектив летните подготовките за сезоната 2016/2017 ќе ги започне на 27 јули. Според планот за тогаш е закажан првиот собир кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Потоа тимот предводен од Раул Гонзалес ќе замине на подготовки во Крањска Гора, Словенија. Во словенечкиот тренинг-центар е предвидено да се остане во периодот 1 -12 август. Веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење за време на престојот во Словенија, тие ќе се играат на 6 и 10 август. Подготовките за новата сезона ќе ги продолжиме во Белорусија, каде што домаќин ќе ни биде тимот на Мешков, во Брест ќе бидеме од 18 до 22 август. Таму ќе одиграме силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен. Според планот со францускиот тим играме на 19 август, на 20 август играме со Висла и на 21 против Мешков Брест. По крајот на турнирот веќе на 22 август екипата се враќа во Скопје.
Девојките на ЖРК Вардар за разлика од момците се фокусирани само на нивниот настап во ЕХФ Лигата на шампионките, тоа е нивно единствено натпреварување што донекаде преставува проблем бидејќи секогаш ја почнуваме сезоната во Л.Ш кога тимот не е во натпреварувачка форма. Сепак затоа црвено-црните избранички на Кастратовиќ ќе одработат долги подготовки со многу контролки со цел темпирање на нивната форма за групната фаза каде веќе се познати два противника, а третиот ќе биде познат дополнително по квалификацискиот турнир за пополнување на местото во групата.
Девојките новата натпреварувачка 2016/2017 сезона ја започнува на први август. Според планот првите контролни мечеви за избраничките на Индира Кастаровиќ се предвидени да се играат на крајот од месецот на турнир во Словенија. Првите шест дена од почетокот на подготовките ќе бидат во Скопје каде ќе се вршат потребните медицински прегледи. На 1 и 2 август се очекува пристигнување на сите ракометарки кои ќе бидат дел од тимот за новата сезона. Ќе имаат само еден утрински тренинг на 6 август, по што попладнето треба да заминеме во Словенија, во Терме Зрече каде ќе останеме до 18 август. Тоа е период кога ќе се „полнат батериите” за она што ќе ни претстои сезонава. Од 18 август експедицијата се сели во Словенија каде ќе настапиме на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија”. Таму покрај домаќинот, екипата на Крим Меркатор, потврдени се и уште екипите на Подравка Вегета и Дебрецин. Распоредот на натпревари дополнително ќе биде одреден. Во Скопје се враќаат на 21 август по што ќе продолжат подготовките за почетокот на новата сезона во лигата на шампионките.