Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Според Тикет Плус до овој момент останати се уште 11.256 билети
Според Тикет Плус до овој момент останати се уште 11.256 билети

Според Тикет Плус до овој момент останати се уште 11.256 билети

Според нашите податоци, преку преброените билети на Тикет Плус онлајн, до овој момент останати се уште 11.256 билети за јужната односно северната трибина. Источната трибина не е пуштена во продажба, а како што е добро познато, западната трибина е резервирана за најверните и најжешките навивачи на Вардар, популарните Комити. Комитите како што информиравме и денеска продаваа билети и членски карти за западната трибина.

Денеска продажбата на билети има благ напредок, односно повеќе билети се продале во однос на вчера и завчера. Според нашата пресметка вчера во 22 часот и 49 минути, имаше во слободна продажба уште 13. 009 билети, што значи дека за нецел ден се продадени околу 1753 билети. Ги потсетуваме сите навивачи дека од 7-ми јули билетите ќе чинат 200 денари.

Да го обоиме Градски во ”црвено – црна” боја.

Да бидеме 12-сетиот играч на Вардар.

Македонија навива за Вардар!