Официјално, Џон Адолфо Куњонез Обрегон е ново засилување за фудбалскиот клуб Вардар. После потпишувањето на Џонатан Балотели и голманот Игор Алексовски, Обрегон ќе биде третиот играч кој во новата сезона ќе го носи црвено-црниот дрес, потпишувајќи договор на две години. Се работи за напаѓач од Колумбија кој има играно за екипите на Ла Паз и Национал од Боливија, потоа во мексиканскиот клуб Тибуронес Рохос де Веракруз, во Рахабури на Тајланд, Гуарани од Бразил, во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна и во Бојака Чико во Колумбија.
-Среќен сум што станав член на Вардар. Од она што можев да го видам низ подготовките, дојдов во одлично организиран тим кој што има високи амбиции и одлични играчи. Јас ќе дадам се од себе да ги исполниме заедно амбициите. Се надевам на добри игри, и на успешни настапи на тимот. Имав доволно време да се запознаам со моите нови соиграчи и да се прилагодам на екипата. Веќе се чувствувам како долго да сум дел од Вардар, изјави Обрегон за официјалниот сајт на клубот.
Обрегон беше дел од тимот на подготовките во Австрија и Словенија, по што стручниот штаб реши да го ангажира како ново засилување за црвено-црните. Се надеваме дека ќе се покаже како квалитетен играч, кој треба да му помогне на Вардар во настапите од лигата на шампионите.