Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Динамо на подготовките во Словенија заврши: Две нерешени и една победа

Динамо на подготовките во Словенија заврши: Две нерешени и една победа

Нашиот противник во вторник, екипата на Динамо од Загреб денеска и официјално ги заврши пријателските натпревари во Словенија и се враќа во Хрватска. Тимот на Динамо на овие летни подготовки одигра три пријателски дуели и забележа скоро од: Две нерешени средби и една победа, издвојувана денеска против тимот на Копенхаген со резултат 1:0, гол на Антолич во 83 минута од натпреварот.

Динамо освен со Копенхаген одигра и со: Стеауа (0:0) и со тимот на Пандури (1:1). Новиот тренер на Динамо за натпреварот во Скопје се очекува да ги има сите играчи на располагање, само би требало да недостасува првиот голман на тимот Едуардо, кој заедно со репрезентацијата на Португалија денеска ќе го одигра натпреварот од 1/2 финалето на ЕП.