Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Коментари на тренерите за групата Б од ЛШ, во која се наоѓа и РК Вардар
Коментари на тренерите за групата Б од ЛШ, во која се наоѓа и РК Вардар

Коментари на тренерите за групата Б од ЛШ, во која се наоѓа и РК Вардар

Од септември почнува нова сезона во лигата на шампионите за ракометниот клуб Вардар. Црвено-црните претходниве три сезони стигнуваа до осумте најдобри, што претставува голем успех за нашиот ракомет шампион. Втора година по ред ЕХФ воведува нов систем на натпреварување во ЛШ. Екипите се поделени во четири групи, од кои две се поквалитетни. Вардарци веќе ги дознаа противниците во групата Б, тоа се екипите на Киелце, Рајн-Некар, Пик Сегед, Брест Мешков, Целје, Загреб и Кристијанштад. Секој од тренерите на екипите даде свое мислење за оваа група.

Талант Душебаев – тренер на Киелце
-Групата А е група на смртта”. Мислам дека имавме и среќа во ждрепката. Но, најважно за нас ќе биде зборот „респект”, односно да ги респектираме ривалите. Ќе се бориме за првото место во групата. Мораме да ги имаме предвид натпреварите од лани, кога загубивме од ПИК Сегед и Вардар, и ремијата со Кристијанштад и Рајн Некар. За првпат ќе играме против ППД Загреб. Во групата имаме три екипи од Балкан. Мислам дека групата ќе биде многу атрактивна за навивачите. Нашата цел е да бидеме први и ли втори во групата, но ќе се обидеме да завршиме што е можно повисоко на табелата.

Веселин Вујовиќ – тренер на ППД Загреб
-Кога играте во ЛШ неможе да очекувате групата да биде лесна. На хартија група А изгледа многу потешка, но тоа немора ништо да значи. Можеме да играме против секој ривал, и сметам дека сезоната ќе биде многу интересна. Во секој случај – нема да биде лесно. Но, се надевам дека нашите гледачи ќе уживаат во уште една успешна сезона на Загреб.

Бранко Тамше – тренер на Целје
-На прв поглед група А изгледа многу посилна. Нашата е поизедначена. Ќе направиме се да имаме еден чекор напред сезонава во однос на лани. Групата ќе бид емногу интересна. Ќе мораме да се подготвиме добро, бидејќи ќе се натпреваруваме против различни тимови.

Сергеј Бебешко – тренер на Мешков
-Секоја екипа што игра во ЛШ е силна. Една работа е јасна, за да освоиме повеќе ќе мораме да играме со 100 отсто од силите. Треба да почекаме да почне сезоната и да ја видиме формата на ривалите. Од друга страна сега ќе биде и Олимпијадата и многу ракометари ќе играат таму. Се може да се случи.

Никола Јакобсен – тренер на Рајн Некар
-Добивме силна група, и многу патувања во Источна Европа. Од таа страна сакав да видам други различни екипи.

Хуан Карлос – тренер на ПИК Сегед
-Посакував да бдеме во Б групата. Засега главната цел е да се подготви тимот. Во однос на нашите резултати, доколку сакаме некој прогрес, ќе треба да бидеме најмалку трети во групата”