Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ќе учествува на турнирот „Винко Кандија“ во Љубљана, познат распоредот на мечеви
ЖРК Вардар ќе учествува на турнирот „Винко Кандија“ во Љубљана, познат распоредот на мечеви

ЖРК Вардар ќе учествува на турнирот „Винко Кандија“ во Љубљана, познат распоредот на мечеви

Избраничките на Кастратовиќ ќе тргнат со подготовките на први август. По прегледите во Скопје и одработување на првата фаза заминуваме на  двонеделени подготовки во Словенија. Девојките  во терме Зрече ќе бидат во периодот од 6 до 21 август, каде ракометарките ќе ги играат своите први официјални натпревари.

На силниот турнир во главниот град на Словенија, Љубљана ќе учествуваат домаќинот Крим Меркатор, Хипо и Подравка. Истиот ќе се игра по систем „секој со секого”. По завршување на истиот  ракометарките ќе се вратат во Скопје. Ние нема да бидеме комплетни поради отсуството на оние ракометарки кои ќе бидат со своите репрезентации на Олимпијадата во Рио.  На истиот турнир во Љубљана учествувавме и во 2013 година кога дури по продолженијата загубивме од домаќинот Крим, 31-33. Овој турнир го носи името на познатиот хрватски тренер Винко Кандија, кој почина во 2002 година.
Познат е и распоред на натпревари на турнирот „Винко Кандија” :

петок, 19 август 2016
17,30 Вардар – Хипо
19,30 Крим – Подравка

сабота, 20 август 2016
10,00 Крим – Хипо
12,00 Подравка – Вардар

17,30 Хипо – Подравка
19,30 Крим – Вардар